Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

23 од 841 картички

Исчисти филтри
„Да знаев дека нема да им отежнам на верниците – или на мојот умет – ќе им наредев да го користат мисвакот при секој намаз.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Секогаш кога некој ќе испрати селам за мене, Аллах ќе ми ја врати душата за да му возвратам на селамот.“
Синџирот на пренесувачи е добар Го бележат Ебу Давуд и Ахмед
„Ги гледав нозете на мушриците веднаш над нашите глави додека бевме во пештерата, па реков: ,О, Божји пратенику, ако некој од нив само погледне кон своите нозе, ќе нè забележи под нив.‘ Тогаш тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, а за кои Аллах е третиот?‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
,,Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел, ја ставал раката или облеката врз устата и се обидувал да го намали гласот на кивањето."
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Јас не сум испратен да проколнувам – јас сум испратен како милост.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не остави по својата смрт ни дирхем, ни динар, ни роб, ни робинка, ниту што било друго – освен неговото бело магаре, негово оружје и една нива што ја одреди како садака.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Најчестата и последна препорака (завет) на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека беше на смртна постела, беше: ,Намазот и оние што се под ваша одговорност!‘ Постојано повторуваше: ,Намазот и оние што се под ваша одговорност!‘ Толку често го повторуваше тоа, што зборовите му излегуваа со тешкотија од градите, а јазикот одвај ги изговараше.“
Автентичен رواه النسائي في السنن الكبرى وابن ماجه
неколкумина од другарите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги прашале неговите сопруги за неговите дела кога е сам. Откако дознале, некои од нив рекле: ,Јас нема да се женам.‘ Друг рекол: ,Јас нема да јадам месо.‘ А трет рекол: ,Јас нема да спијам во постела.‘ Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го слушнал тоа, Го пофалил Алах и Му се заблагодарил Нему, па рекол: ,Што им е на тие луѓе што велат вака и вака? А јас клањам и спијам, постам и не постам, и се женам. Кој го остава мојот Сунет – не ми припаѓа мене.“
Автентичен Муттефекун алејхи