„Да знаев дека нема да им отежнам на верниците – или на мојот умет – ќе им наредев да го користат мисвакот при секој намаз.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Да знаев дека нема да им отежнам на верниците – или на мојот умет – ќе им наредев да го користат мисвакот при секој намаз.“
«لَوْلَا أَنْ أَشُقَّ عَلَى الْمُؤْمِنِينَ -أَوْ: عَلَى أُمَّتِي- لَأَمَرْتُهُمْ بِالسِّوَاكِ عِنْدَ كُلِّ صَلَاةٍ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека, доколку не се плашел дека ќе им отежне на верниците од неговиот умет, ќе им наредел да го користат мисвакот при секој намаз.
Благоста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кон неговиот умет, секогаш се грижел да не им отежне.
Во основа, наредбите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, укажуваат на обврска, освен кога постои доказ кој укажува дека станува збор за доброволно дело.
Препорачливоста и вредноста на користењето мисвак при секој намаз.
Ибн Декик ел-Ид рекол: „Мудроста во препораката за користење на мисвак при почнувањето со намазот е во тоа што намазот е чин на приближување кон Аллах, па затоа треба да се извршува во состојба на чистота и потполност, како израз на почит кон ибадетот.“
Хадисот го опфаќа користењето на мисвакот и за оној што пости, дури и по зенитот, како што е случајот со пладневниот и икиндискиот намаз.
Сахих Муслим (1/ 220) (252).
Сахих Ел-Бухари (2/ 4) (887).
Повеќе... (4)
تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.
لعبد الله البسام (ص46).
تنبيه الأفهام شرح عمدة الأحكام.
لابن عثيمين (1/ 50).