Skip to content

,Намазот и оние што се под ваша одговорност!‘

Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:

„Најчестата и последна препорака (завет) на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека беше на смртна постела, беше: ,Намазот и оние што се под ваша одговорност!‘ Постојано повторуваше: ,Намазот и оние што се под ваша одговорност!‘ Толку често го повторуваше тоа, што зборовите му излегуваа со тешкотија од градите, а јазикот одвај ги изговараше.“

كَانَتْ عَامَّةُ وَصِيَّةِ رَسُولِ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ حِينَ حَضَرَهُ الْمَوْتُ: «الصَّلَاةَ وَمَا مَلَكَتْ أَيْمَانُكُمْ، الصَّلَاةَ وَمَا مَلَكَتْ أَيْمَانُكُمْ»، حَتَّى جَعَلَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يُغَرْغِرُ بِهَا صَدْرُهُ، وَمَا يَكَادُ يُفِيضُ بِهَا لِسَانُهُ.

رواه النسائي في السنن الكبرى وابن ماجه
Автентичен
Објаснување

Најчестата препорака на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, до неговиот умет во последните моменти од неговиот живот – додека лежеше на смртната постела – беше: „Придржувајте се кон намазот, чувајте го и не бидете немарни кон него!“ Исто така, ги советуваше муслиманите да ги исполнуваат правата на оние што се под нивна одговорност – робови и робинки – и да постапуваат со нив на праведен и добар начин. Тој тоа постојано го повторуваше, сè додека гласот не почна да му се гуши во грлото, а јазикот одвај ги изговараше зборовите.

Од придобивките на хадисот

Хадисот укажува на величината на намазот и грижата за оние што се под нечие старателство и тоа се огледа во тоа што Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, токму за нив даде препорака во последните моменти од животот.

Намазот е едно од најголемите права што Аллах ги има над Своите робови, а исполнувањето на правата на луѓето – особено на слабите и потчинетите, со исклучок на сопствените деца – спаѓа меѓу највисоките должности што човекот ги има кон созданијата.

Референци

Сунен ел-Кубра на Несаи (6/ 387) (7058).

Сунен Ибн Маџе (4/ 6) (2697).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (19/ 209) (12169).

Повеќе... (1)

النهاية في غريب الحديث والأثر (668).