,,Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел, ја ставал раката или облеката врз устата и се обидувал да го намали гласот на кивањето
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
,,Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел, ја ставал раката или облеката врз устата и се обидувал да го намали гласот на кивањето."
كان رسولُ الله صلى الله عليه وسلم إذا عَطَس وضَعَ يَدَه -أو ثوبَهُ- على فيهِ، وخَفَضَ -أو غضَّ- بها صوتَهُ.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел: 1. Ја ставал раката или дел од облеката врз устата за да спречи нешто од устата или носот да излезе и на тој начин да не го вознемири оној што е со него. 2. Го намалувал гласот на кивањето и не го покачувал.
Опис на практиката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, при кивање за да го следиме неговиот пример во тоа.
Препорачливо е при кивањето да се покријат устата и носот со облека, марамче или нешто слично, за да се спречи излегувањето на нешто што би можело да го вознемири присутниот.
Намалувањето на гласот при кивањето е пожелно, бидејќи тоа е знак на добро воспитување и благороден карактер.
Сунен Ебу Давуд (7/ 375) (5029).
Сунен Тирмизи (4/ 461) (2745).
Муснед на Ахмед ибн Ханбел (15/ 412) 9662).
Повеќе... (9)
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (4/ 440).
تطريز رياض الصالحين.
لفيصل آل مبارك (ص528).
بهجة الناظرين.
لسليم الهلالي (2/ 149).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (1/ 678).
كنوز رياض الصالحين لمجموعة من الباحثين (11/ 432).