„Навистина, Аллах на мојот умет ќе му го прости она си го помислуваат, сè додека не го спроведат во дело или не го изразат со зборови.“
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Навистина, Аллах на мојот умет ќе му го прости она си го помислуваат, сè додека не го спроведат во дело или не го изразат со зборови.“
«إِنَّ اللَّهَ تَجَاوَزَ عَنْ أُمَّتِي مَا حَدَّثَتْ بِهِ أَنْفُسَهَا، مَا لَمْ تَعْمَلْ أَوْ تَتَكَلَّمْ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека муслиманот нема да биде повикан на одговорност за лошите мисли кои му минуваат низ срцето, сè додека не ги спроведе во дело или не ги изрази со зборови. Аллах ја отстранил тешкотијата и го простил тоа, па не го задолжил уметот на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, за она што му поминува низ мислите или моменталните колебања во душата, сè додека срцето не се увери во тоа и не го прифати. Но, ако тоа се вкорени во срцето, како гордоста, самобендисаноста или лицемерството, или ако човекот го изрази со зборови или го спроведе во дело, тогаш ќе биде повикан на одговорност за тоа.
Возвишениот Аллах преминува и простува за мислите и внатрешните поттици што ѝ доаѓаат на душата, кои човекот си ги замислува и кои му минуваат низ умот.
Ако човекот размислува за развод и тоа му поминува низ мислите, но не го изговорил ниту го напишал тоа, тогаш тоа не се смета за развод.
Човекот нема да биде повикан на одговорност за внатрешните мисли, без разлика колку и да се големи, сè додека не го запоседнат неговото срце, не ги спроведе во дело или не ги изрази со зборови.
Хадисот зборува за големината на уметот на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, ова олеснување е спицифично дадено за овој умет, за разлика од народите пред нас.
Сахих Ел-Бухари (7/ 46) (5269).
Сахих Муслим (1/ 116) (127).
Повеќе... (10)
منحة العلام في شرح بلوغ المرام.
لعبد الله الفوزان (7/ 560).
فتح ذي الجلال والاكرام بشرح بلوغ المرام.
لابن عثيمين (5/ 46).
توضِيحُ الأحكَامِ مِن بُلوُغ المَرَام.
للبسام (5/ 502).
حاشية السندي على سنن ابن ماجه.
للسندي (6/ 157).
البدرُ التمام شرح بلوغ المرام.
للمغربي (8/ 49).