Skip to content

„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земаше абдест за секој намаз

Амр ибн Амир пренесува од Енес ибн Малик, радијаллаху анху, дека рекол:

„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земаше абдест за секој намаз. Јас го прашав (Енес ибн Малик): ,А вие како постапувавте?‘ Тој одговори: ,На еден од нас му беше доволен еден абдест, сѐ додека не го расипе (со нешто што го поништува).‘“

كَانَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَتَوَضَّأُ عِنْدَ كُلِّ صَلَاةٍ، قُلْتُ: كَيْفَ كُنْتُمْ تَصْنَعُونَ؟ قَالَ: يُجْزِئُ أَحَدَنَا الْوُضُوءُ مَا لَمْ يُحْدِثْ.

Го бележи Бухари
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земал абдест за секој задолжителен намаз, дури и ако го имал претходниот абдест; а сето тоа со цел да ја добие наградата и користа (што доаѓаат со обновувањето на абдестот). Дозволено е да се клањаат повеќе задолжителни намази со еден абдест, сѐ додека абдестот не биде поништен.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Најчестата пракса на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлам, била да земе абдест пред секој намаз, целејќи ја со тоа потполноста (и она што е подобро).

Мустехаб – препорачливо е да се земе абдест за секој намаз.

Дозволено е да се клањаат повеќе намази со еден абдест.

Референци

Сахих Ел-Бухари (1/ 53) (214).

Повеќе... (2)

شرح ابن بطّال (1/321).

إرشاد الساري لشرح صحيح البخاري (1/ 285).