„Доколку на луѓето им се даваше според нивните побарувања, некои бесправно би го барале имотот и животот на другите. Затоа, должност на оној што обвинува е да донесе доказ, а оној што негира, да се заколне.“
Ибн Аббас, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Доколку на луѓето им се даваше според нивните побарувања, некои бесправно би го барале имотот и животот на другите. Затоа, должност на оној што обвинува е да донесе доказ, а оној што негира, да се заколне.“
«لَو يُعطَى النّاسُ بدَعواهُم لادَّعَى رِجالٌ أموالَ قَومٍ ودِماءَهُم، ولَكِنَّ البَيِّنَةَ على المُدَّعِى، واليَمينَ على مَن أنكَرَ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека ако на луѓето им се признавало правото само врз основа на нивните тврдења, без никакви докази, некои од нив бесправно би барале да присвојат туѓ имот и да посегнат по животот на другите. Затоа, оној што тврди дека нешто е негово право мора да приложи доказ. Ако нема доказ, случајот се изнесува пред оној што е обвинет, па ако тој го негира, должен е да се заколне, со што се ослободува од обвинувањето.
Ибн Декик ел-Ид рекол: „Овој хадис претставува темелно правило во судските постапки и е едно од најважните начела при решавање на споровите и конфликтите.“
Целта на шеријатот е да ги заштити имотот и животот на луѓето од злоупотреби.
Судијата не пресудува според сопственото знаење, туку врз основа на приложените докази.
Секое тврдење без доказ се отфрла, без разлика дали се однесува на правата, меѓучовечките односи или прашањата поврзани со верата и знаењето.
Повеќе... (6)
السنن الكبرى للبيهقي تحقيق التركي (21/ 242 - 243) (21243).
التحفة الربانية في شرح الأربعين حديثًا النووية (ص76).
شرح الأربعين النووية.
لابن عثيمين (ص328).
فتح القوي المتين في شرح الأربعين وتتمة الخمسين.
لعبد المحسن البدر (ص114).