Skip to content

,Пет работи се од фитрата (природна чистота): обрежувањето, бричењето на срамните места, кратењето на мустаќите, сечењето на ноктите и отстранувањето на влакната под пазувите.‘“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, рекол: „Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

,Пет работи се од фитрата (природна чистота): обрежувањето, бричењето на срамните места, кратењето на мустаќите, сечењето на ноктите и отстранувањето на влакната под пазувите.‘“

«الفِطْرَةُ خمسٌ: الخِتَانُ والاستحدادُ وقصُّ الشَّارِبِ وتقليمُ الأظفارِ وَنَتْفُ الآبَاطِ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

„Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, објаснил пет особини кои се од верата на исламот и од праксите на Пратениците.“ „Првата е обрежувањето: тоа подразбира отсекување на вишокот кожа на машкиот полов орган над неговата купола, и отсекување на горниот дел од кожичката на половиот орган кај жената, над местото на пенетрација (во вагината).“ „Втората е истихдадот: бричењето на срамните влакна што се околу половиот орган.“ „Третата е кратењето на мустаќите: скратувањето на влакната што растат над горната усна на мажот, така што усната да биде видлива.“ „Четвртата е: сечењето на ноктите.“ „Петтата е: отстранувањето на влакната под пазувите.“

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

„Сунетите на пратениците, кои Аллах ги сака, ги одобрува и ги наредува, повикуваат кон совршенство, чистота и убавина.“

„Законитоста/пропишаноста на постојаното одржување на овие работи и да не се биде немарен кон нив.“

„Овие особини имаат верски и дуњалучки придобивки, како што се: подобрувањето на изгледот, одржувањето на телесната чистота, внимателноста во однос на чистотата, разликувањето од неверниците и покорност на Аллаховата наредба.“

„Во други хадиси се спомнуваат дополнителни особини на фитрата, освен овие пет, како што се: пуштањето на брадата, користењето на мисвакот и други.“

Референци

Сахих Ел-Бухари (7/ 160) (5891).

Сахих Муслим (1/ 222) (257).

Повеќе... (7)

عمدة الأحكام (ص44) (30).

الإلمام بشرح عمدة الأحكام.

لإسماعيل الأنصاري (1/ 45).

تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.

للبسام (ص58).

تنبيه الأفهام شرح عمدة الأحكام.

لابن عثيمين (1/ 72).