أبو حامد محمد بن محمد بن محمد الغزَّالي
الإسم
Ебу Хамид Мухамед бин Мухамед бин Мухамед ел-Газали
اسم الشهرة
Ебу Хамид ел-Газали
نبذة مختصرة
Мухамед бин Мухамед бин Мухамед ет-Туси, познат како Ебу Хамид ел-Газали, со нагласено „з“, како што тоа го запишале Ибн ес-Семани, Ибн ел-Есир, ен-Невеви, Ибн Халикан, Ибн Деких ел-Ид, Ез-Зехеби, Ес-Субки, Ес-Сахави и Ел-Муртеда ез-Зебиди. Ова име е општо прифатено, иако постојат различни мислења. Роден е во 450-та хиџретска година. Бил истакнат правник од шафиската правна школа и експерт во основите на фикхот, автор на бројни дела, меѓу кои „Ихја улум ед-дин“, „Ел-Мустесфа фи усул ел-фикх“, како и познатите фикхски книги „Ел-Веџиз“, „Ел-Весит“ и „Ел-Бесит“. Ебу Хамид се занимавал со филозофија, но подоцна ја напуштил и жестоко ја критикувал. Подоцна се посветил на „илму келам-апологетиката“, совладувајќи ги неговите основи и методологија, но и од него се откажал, откако ја согледал неговата противречност и недостатокот во аргументите на неговите приврзаници. Во периодот кога ги критикувал филозофите, го добил прекарот „Хуџетул ислам“ (Доказ на исламот), бидејќи успеал да ги замолчи. Потоа се занимавал со учењата на батиниите/езотериците, привремено ги прифатил, но подоцна ги напуштил, разоткривајќи ги како неосновани и покажувајќи ги нивните извртувања на исламските текстови и прописи. На крајот, му се посветил на суфизмот. Ибн ес-Салах за него рекол: „Ебу Хамид предизвика многу полемики. Што се однесува до неговите книги што се во спротивност со вистината, тие не заслужуваат внимание. А за самиот човек, треба да се молчи и неговиот случај да му се препушти на Аллах.“ Ез-Зехеби напишал: „Ебу Хамид го напиша делото ,Техафут‘, во кое ги разобличи филозофите. Но, на некои места се согласил со нив, мислејќи дека тоа е исправно или соодветно на исламската вера. Тој немал длабоко познавање од хадисите ниту искуство со Сунетот, кој ги надвладува разумските претпоставки. Негова слабост била приврзаноста кон ,Рисалет Ихван ес-Сафа‘, што е полна со опасни заблуди. Да не беше неговата извонредна интелигенција и искреноста во трагањето, ќе бише уништен. Затоа, избегнувајте ги овие книги за да ја зачувате вашата вера.“ Ебу Бекр бин ел-Араби рекол: „Нашиот учител Ебу Хамид ги ,проголта‘ филозофите, но не успеа да ги ,поврати‘.“ Кади Ијад истакнал: „Шејхот Ебу Хамид е познат по своите контроверзии и застрашувачки дела. Претеруваше во поддршката на суфизмот, стана негов застапник и напиша многу дела, како ,Ихја‘, кои беа критикувани и предизвикаа сомнежи кај многумина. Фетвата на правниците и наредбата на султанот доведоа до палење и забрана на неговите книги.“ Ибн ел-Џевзи забележал: „Ебу Хамид го напиша ,Ихја‘ и го исполни со измислени хадиси, без да знае дека се неавтентични. Говореше за ,кешфот/откровението‘ и излезе од границите на фикхот.“ Починал во 505-та хиџретска година.