„Муслиманот, кога ќе биде прашан во гробот, ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник.“
Од Ел-Бера бин Азиб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Муслиманот, кога ќе биде прашан во гробот, ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник.“ Потоа го цитираше ајетот: ,,Аллах со постојани зборови верниците ги зацврстува и на овој и на оној свет." (Ибрахим, 27)
«المُسْلِمُ إِذَا سُئِلَ فِي القَبْرِ: يَشْهَدُ أَنْ لاَ إِلَهَ إِلَّا اللَّهُ وَأَنَّ مُحَمَّدًا رَسُولُ اللَّهِ»، فَذَلِكَ قَوْلُهُ: {يُثَبِّتُ اللَّهُ الَّذِينَ آمَنُوا بِالقَوْلِ الثَّابِتِ فِي الحَيَاةِ الدُّنْيَا وَفِي الآخِرَةِ} [إبراهيم: 27].
Верникот ќе биде испрашуван во гробот од двајцата мелеци задолжени за оваа задача, наречени Мункир и Некир, како што се спомнува во бројни хадиси. Тогаш ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол дека ова е цврстиот/постојаниот збор за кој Аллах вели: ,,Аллах со постојани зборови верниците ги зацврстува и на овој и на оној свет." (Ибрахим, 27)
Испитувањето во гробот е вистина.
Аллаховата милост кон верниците и на овој и на оној свет се огледа во тоа што ги зацврстува со цврсти и постојани зборови.
Вредноста на сведочењето за Аллаховото едноштво и смртта со такво уверување.
Аллах го зацврстува верникот на овој свет преку истрајноста во верата и следењето на правиот пат, во моментот на смртта со умирање во уверувањето за Аллаховото едноштво, и во гробот, при испитувањето од страна на мелеците.
Сахих Ел-Бухари (6/ 80) (4699).
Сахих Муслим (4/ 2201) (2871).
Повеќе... (4)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (1/ 498).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (1/ 386).