„На читачот на Куранот ќе му се каже: Читај и искачувај се, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот, бидејќи твоето место ќе биде кај последниот ајет што ќе го прочиташ.“
Абдуллах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„На читачот на Куранот ќе му се каже: Читај и искачувај се, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот, бидејќи твоето место ќе биде кај последниот ајет што ќе го прочиташ.“
«يقالُ لصاحبِ القرآن: اقرَأ وارتَقِ، ورتِّل كما كُنْتَ ترتِّل في الدُنيا، فإن منزِلَكَ عندَ آخرِ آية تقرؤها».
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека ќе му се каже на учачот на Куранот, кој работел според него и постојано го учел и рецитирал, кога ќе влезе во Џенетот: Читај го Куранот и искачувај се по џенетските степени, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот со исправност и смиреност, бидејќи твоето место ќе биде на последниот ајет што ќе го проучиш.
...:
Наградата е според делата, во обем и во форма.
Поттик за рецитирањето на Куранот, неговото учење напамет, размислувањето за неговите ајети и работењето според Куранот.
Џенетот има многу нивоа и степени, каде што највисоките ги добиваат рецитаторите на Куранот.
Сунен Ебу Давуд (2/ 592) (1464).
Сунен Тирмизи (5/ 35) (2914).
Муснед на Ахмед ибн Ханбел (11/ 403) (6799).
Сунен ел-Кубра на Несаи (7/ 272) (8002).
Повеќе... (3)
معالم السنن (1/290).
تحفة الأحوذي (8/187).
عون المعبود وحاشية ابن القيم (4/ 237).