Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

18 од 841 картички

Исчисти филтри
„Двајца мажи ми кажаа дека дошле кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за време на прошталниот аџилак, кога тој ја делеше садаката, и го замолиле да им даде нешто од неа. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги погледнал одозгора па надолу и забележал дека се здрави и силни. Па им рекол: ‚Ако сакате, ќе ви дадам – но во неа нема удел за богат човек, ниту за силен кој може да заработува.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Несаи
„Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи имотот на оној што е скржав да пропадне!‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,О, Божји пратенику, мајка ми почина. Кој вид на садака е најдобар за неа?“ Одговорил: ,Водата.‘ Тогаш Сад бин Убаде ископа бунар и рече: ,Ова е за мајката на Сад.‘“
Добар поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ибн Маџе
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш додека беше на минберот и зборуваше за садаката, воздржаноста и просењето, рече: ,Горната рака е подобра од долната – горната е таа што дава, а долната е таа што бара.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пропиша зекатул фитр во количина од еден саʿа урми или еден саʿа јачмен – за роб и слободен, за маж и жена, за дете и возрасен од муслиманите. И нареди да се подели пред излегувањето на луѓето на намаз.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Со секој вас, Аллах ќе зборува без преведувач кој ќе посредува. Тогаш, човекот ќе погледне на десната страна и ќе го види само она што го направил, па ќе погледне на левата страна и ќе го види само она што го направил, ќе погледне пред себе и ќе го види само Огнот пред своето лице. Затоа, одбранете се од Огнот, макар и со половина урма.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, динарот што ќе го дадеш како садака на сиромав, и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство – најголема награда има од оној што ќе го потрошиш за своето семејство.“
Автентичен Го бележи Муслим