Skip to content

,Горната рака е подобра од долната

Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува:

„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш додека беше на минберот и зборуваше за садаката, воздржаноста и просењето, рече: ,Горната рака е подобра од долната – горната е таа што дава, а долната е таа што бара.‘“

أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ وَهُوَ عَلَى المِنْبَرِ، وَذَكَرَ الصَّدَقَةَ، وَالتَّعَفُّفَ، وَالمَسْأَلَةَ: «اليَدُ العُلْيَا خَيْرٌ مِنَ اليَدِ السُّفْلَى، فَاليَدُ العُلْيَا: هِيَ المُنْفِقَةُ، وَالسُّفْلَى: هِيَ السَّائِلَةُ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека држеше хутба на минберот, зборуваше за садаката и за воздржаноста од просењето, па рече: „Горната рака – онаа што дава и дели – е подобра и помила кај Аллах од долната рака – онаа што бара.“

Од придобивките на хадисот

Хадисот укажува на вредноста на дарувањето и трошењето на имот во корисни и добри цели, како и на осудата на просењето.

Во хадисот има поттик на воздржаност од барањето од луѓето и независност од нив, охрабрувајќи кон возвишени дела и избегнување на пониските, бидејќи Аллах ги сака возвишените работи.

Рацете, според нивната вредност, се делат на четири степени: 1. Највредна е раката што дарува. 2. Потоа следи онаа што се воздржува од земање. 3. Потоа доаѓа онаа што зема без да бара. 4. А најниска е раката што бара.

Референци

Сахих Ел-Бухари (2/ 112) (1429).

Сахих Муслим (2/ 717) (1033).

Повеќе... (12)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 590).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 465).

التوضيح لشرح الجامع الصحيح.

لابن الملقن (10/ 315).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (3/ 388).

تحفة الأحوذي بشرح جامع الترمذي.

المباركفوري (3/ 288).

تطريز رياض الصالحين.

لفيصل آل مبارك (ص212).