Skip to content

„,О, Божји пратенику, мајка ми почина. Кој вид на садака е најдобар за неа?“ Одговорил: ,Водата.‘ Тогаш Сад бин Убаде ископа бунар и рече: ,Ова е за мајката на Сад.‘“

Од Сад бин Убадe, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол:

„,О, Божји пратенику, мајка ми почина. Кој вид на садака е најдобар за неа?“ Одговорил: ,Водата.‘ Тогаш Сад бин Убаде ископа бунар и рече: ,Ова е за мајката на Сад.‘“

يَا رَسُولَ اللَّهِ، إِنَّ أُمَّ سَعْدٍ مَاتَتْ، فَأَيُّ الصَّدَقَةِ أَفْضَلُ؟، قَالَ: «الْمَاءُ»، قَالَ: فَحَفَرَ بِئْرًا، وَقَالَ: هَذِهِ لِأُمِّ سَعْدٍ.

Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ибн Маџе
Добар поради збирот на неговите синџири на пренесување
Објаснување

Мајката на Сад бин Убаде, Аллах нека е задоволен со него, починала па тој го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за тоа кој е најдобриот вид на садака што може да го даде за неа. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговорил: „Водата.“ Тогаш Сад ископал бунар и го посветил како садака за својата мајка.

Од придобивките на хадисот

Појаснување дека водата е еден од најдобрите видови на садака/милосрдие.

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го упатил Сад кон милосрдието со вода, бидејќи од неа имаме најголема корист како во верските така и во овосветовните работи, особено поради жештината, големата потреба и недостигот на вода.

Доказ дека наградата од садаката стигнува до умрените.

Почитта и добротворството на Сад бин Убаде, Аллах нека е задоволен со него, кон неговата мајка.

Референци

Сунен Ебу Давуд (3/ 109) (1681).

Сунен Несаи (6/ 254) (3664).

Сунен Ибн Маџе (4/ 643) (3684).

Повеќе... (1)

شرح سنن أبي داود للعباد (204/ 19).