Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

2 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пропиша зекатул фитр во количина од еден саʿа урми или еден саʿа јачмен – за роб и слободен, за маж и жена, за дете и возрасен од муслиманите. И нареди да се подели пред излегувањето на луѓето на намаз.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Во времето кога меѓу нас беше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, издвојувавме зекатул фитр за секој – за дете и возрасен, за слободен и за роб – по еден саʿа (мерна единица) храна: или саʿа суво сирење, или саʿа јачмен, или саʿа урми, или саʿа суво грозје. На тој начин продолживме да издвојуваме сè додека не дојде Муавија бин ебу Суфјан, Аллах нека е задоволен со него, за аџилак или умра. Тој им се обрати на луѓето од минберот, и меѓу другото, рече: ,Сметам дека два мудда (мерка спојување на двете дланки) пченица од Шам се еднакви на еден саʿа урми.‘ Па луѓето почнаа да го применуваат тоа.“ Ебу Сеид продолжува: „А јас, додека сум жив, ќе продолжам да издвојувам онака како што издвојував и порано.“
Автентичен Муттефекун алејхи