Skip to content

„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“

Бехз бин Хаким, пренесува од неговиот татко, а тој од неговиот дедо, дека рекол:

„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“

قُلْتُ يَا رَسُولَ اللَّهِ: مَنْ أَبَرُّ؟ قَالَ: «أُمَّكَ، ثُمَّ أُمَّكَ، ثُمَّ أُمَّكَ، ثُمَّ أَبَاكَ، ثُمَّ الْأَقْرَبَ فَالْأَقْرَبَ».

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
Добар
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека најзаслужна за добрина, внимание, убав однос, соживот и чување на роднинските врски – е мајката. Тој трипати го повторил нејзиното право, за да ја истакне нејзината вредност над сите луѓе – без исклучок. Потоа рекол дека по мајката доаѓа таткото, а потоа роднините – по редослед на блискост. Колку е некој поблизок, толку е поголемо неговото право на поврзување преку роднински врски.

Од придобивките на хадисот

Хадисот укажува на редоследот во покажувањето добрина: прво мајката, потоа таткото, а потоа роднините – според нивната близина.

Истакнување на положбата на родителите, а особено на мајката.

Во хадисот трипати се спомнува добрината кон мајката, за да се истакне нејзината голема заслуга кон децата – поради сите маки, напори и тешкотии што ги поднесува: од бременоста, преку породувањето, до доењето – кои се нејзина посебна обврска – а потоа заедно со таткото учествува и во воспитувањето.

Референци

Сунен Ебу Давуд (7/ 453) (5139).

Сунен Тирмизи (3/ 463) (1897).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (33/ 230) (20028).

Повеќе... (8)

عون المعبود شرح سنن أبي داود.

للعظيم آبادي (14/ 33).

توضِيحُ الأحكَامِ مِن بُلوُغ المَرَام.

للبسام (6/ 54).

منحة العلام في شرح بلوغ المرام.

لعبد الله الفوزان (8/ 187).

فتح ذي الجلال والاكرام بشرح بلوغ المرام.

لابن عثيمين (5/ 194).