Skip to content

Потоа, навистина, ќе бидете прашани тој Ден за благодатите

Од Ез-Зубејр ибн ел-Авам, радијаллаху анху, се пренесува, дека рекол:

Кога беше објавен ајетот: „Потоа, навистина, ќе бидете прашани тој Ден за благодатите.“ (Сура Ет-Текасур, 8), Ез-Зубејр, радијаллаху анху, рекол: — „,О, Аллахов Пратенику, за кои благодати ќе бидеме прашани, кога ние ги имаме само (двете црни нешта) — урми и вода?‘ Тој ﷺ одговорил: — ,Навистина, тоа (прашувањето) сигурно ќе се случи.‘“

لَمَّا نَزَلَتْ: {ثُمَّ لَتُسْأَلُنَّ يَوْمَئِذٍ عَنِ النَّعِيمِ} [التكاثر: 8]، قَالَ الزُّبَيْرُ: يَا رَسُولَ اللهِ، وَأَيُّ النَّعِيمِ نُسْأَلُ عَنْهُ، وَإِنَّمَا هُمَا الْأَسْوَدَانِ التَّمْرُ وَالْمَاءُ؟ قَالَ: «أَمَا إِنَّهُ سَيَكُونُ».

Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
Добар
Објаснување

Кога беше објавен ајетот: „Потоа, навистина, ќе бидете прашани тој Ден за благодатите.“ — значи дека луѓето ќе бидат прашани дали покажале благодарност за благодатите што Аллах им ги дарувал. Ез-Зубејр ибн ел-Авам, радијаллаху анху, рекол: — О, Аллахов Пратенику, за какви благодати ќе бидеме прашани?! Ние имаме само две благодати кои, според нас, не заслужуваат да бидат предмет на прашање — урмите и водата! Тогаш Пратеникот ﷺ рече: — Навистина, ќе бидете прашани за благодатите, дури и во оваа состојба во која се наоѓате, зашто и тие две се големи благодати од благодатите на Возвишениот Аллах.

Од придобивките на хадисот

Истакнување на благодарноста кон Возвишениот Аллах за Неговите благодети.

Човекот ќе биде прашан за секоја благодат на Судниот ден – било да е мала или голема.

Референци

Сунен Тирмизи (5/ 375) (3356).

Сунен Ибн Маџе (5/ 262) (4158).

Повеќе... (3)

شرح سنن ابن ماجه للسيوطي (ص: 307).

تحفة الأحوذي (9/203).

مرشد ذوي الحجا والحاجة إلى سنن ابن ماجه والقول المكتفى على سنن المصطفى (25/ 251).