„Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажниот говор
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажниот говор. Немојте да се демнеете и да се шпионирате, немојте да си завидувате ниту да си вртите грб едни на други и не мразете се, туку бидете Аллахови робови и браќа!“
«إِيَّاكُمْ وَالظَّنَّ؛ فَإِنَّ الظَّنَّ أَكْذَبُ الْحَدِيثِ، وَلَا تَحَسَّسُوا، وَلَا تَجَسَّسُوا، وَلَا تَحَاسَدُوا، وَلَا تَدَابَرُوا، وَلَا تَبَاغَضُوا، وَكُونُوا عِبَادَ اللهِ إِخْوَانًا».
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил и предупредил од некои работи кои создаваат нетрпеливост и непријателство помеѓу муслиманите, а такви се: (Сомнежот) а тоа значи обвинување кое се создава во срцето без никакви докази, и ни појаснил дека такво нешто е најлажен говор. И од (демнеење) а тоа е: да истражуваме за срамотиите на другите луѓе, било да го правиме тоа со опсервација или слушање. Потоа (шпионирање), да ги истражуваме скриените работи, а најчесто се употребува за лошите работи. И од: (завист) а тоа е кога мразиме некој да се здобие со разни благодати. И од: (да свртиме грб) така што не комуницираме со другите, не се поздравуваме ниту одиме на посета кај другиот брат муслиман. И од (меѓусебна омраза) одбивност и отуѓување, како што е да ги навредуваме другите, да се муртиме и да бидеме непријатни во комуникацијата. Потоа, Аллаховиот пратеник упати една сеопфатна порака, со која е можна поправка на состојбата меѓу муслиманите: „И бидете Аллахови робови и браќа.“ Братството е врска со која ќе се регенерираат меѓусебните односи и ќе се зголеми меѓусебната љубов и почит.
...:
Не пречи да се има лошо мислење за оние кои покажуват знаци на зло. Верникот мора да биде остроумен и перцептивен, не смее да биде измамен од оние што прават грев и бесрамни дела.
Предупредувањето овде е за: обвинение кое извира во душата и ќе биде постојано, а ако се појави во душата но нема да биде перманентно, тогаш за тоа нема да одговараме.
Забранети се сите причини кои водат кон нетрпеливост и раздор помеѓу членовите на една муслиманска заедница, како што се: шпионирањето, зависта и слично.
Препорака да се однесуваме кон муслиманот како кон брат, било да се работи за советување или се работи за меѓусебна љубов.
Сахих Ел-Бухари (8/ 19) (6064).
Сахих Муслим (4/ 1985) (2563).
Повеќе... (6)
منحة العلام في شرح بلوغ المرام.
لعبد الله الفوزان (10/ 219).
توضيح الأحكام من بلوغ المرام.
للبسام (7/ 414).
فتح ذي الجلال والإكرام بشرح بلوغ المرام.
لابن عثيمين (6/ 363).
Цитирано во книги
2 КнигиПовеќе... (2)
- قاموس الكبائرموسوعة الكبائر - المجموعة الرابعة«إِيَّاكُمْ وَالظَّنَّ، فَإِنَّ الظَّنَّ أَكْذَبُ الْحَدِيثِ، وَلَا تَحَسَّسُوا، وَلَا تَجَسَّسُوا، وَلَا تَحَاسَدُوا، وَلَا تَدَابَرُوا، وَلَا تَبَاغَضُوا، وَكُونُوا عِبَادَ اللَّهِ إِخْوَانًا»[1].
- قاموس الكبائرموسوعة الكبائر - المجموعة الرابعة«وَلَا تَبَاغَضُوا، وَكُونُوا عِبَادَ اللَّهِ إِخْوَانًا»[29].