Skip to content

„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“

Ел-Бера – Аллах нека е задоволен со него – пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“

«مَا مِنْ مُسْلِمَيْنِ يَلْتَقِيَانِ فَيَتَصَافَحَانِ إِلَّا غُفِرَ لَهُمَا قَبْلَ أَنْ يَفْتَرِقَا».

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека кога двајца муслимани ќе се сретнат – било на пат или на друго место – и ќе се поздрават со ракување, нивните гревови им се простуваат пред да се разделат, било со физичко оддалечување или со завршување на ракувањето.

Од придобивките на хадисот

Препорачливоста на ракувањето при средба и поттикнување на таа пракса.

Ел-Мунави рекол: „Сунетот не се исполнува освен со ставање на десната дланка во десната дланка, освен ако за таквото непостапување не постои оправдана причина.“

Поттикнување на ширење на селамот и укажување на големата награда за ракување меѓу муслиманите.

Од хадисот се исклучува забранетото ракувањето, како што е ракувањето со жена што не е махрем.

Референци

Сунен Ебу Давуд (7/ 502) (5212).

Сунен Тирмизи (4/ 447) (2727).

Сунен Ибн Маџе (4/ 654) (3703).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (30/ 517) (18547).

Повеќе... (4)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (2/ 152).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 680).