„Никогаш не сум видел човек со коса што му паѓа на рамењата да изгледа поубаво во црвена облека од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем
Ел-Бера, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
„Никогаш не сум видел човек со коса што му паѓа на рамењата да изгледа поубаво во црвена облека од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Неговата коса достигнуваше до рамењата, рамењата му беа широки, а висината му беше средна – ниту премногу висок, ниту низок.“
مَا رَأَيْتُ مِنْ ذِي لِمَّةٍ أَحْسَنَ فِي حُلَّةٍ حَمْرَاءَ مِنْ رَسُولِ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، شَعْرُهُ يَضْرِبُ مَنْكِبَيْهِ، بَعِيدَ مَا بَيْنَ الْمَنْكِبَيْنِ، لَيْسَ بِالطَّوِيلِ وَلَا بِالْقَصِيرِ.
Ел-Бера бин Азиб, Аллах нека е задоволен со него, известува дека никогаш не видел човек со коса која му паѓа на рамењата, облечен во наметка и долна облека со црна основа и црвени линии, да изгледа поубаво од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Од неговите физички особини биле: широки рамења и гради, а по висина бил среден – ниту висок, ниту низок.
Истакнување на дел од убавите надворешни особини на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – како убавата коса, широките гради, умерената висина и други особини.
Љубовта на благородните асхаби, Аллах нека е задоволен со нив, кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се манифестира и во нивната посветеност верно да ги пренесат на идните генерации неговите физички и морални особини.
Сахих Ел-Бухари (4/ 188) (3551).
Сахих Муслим (4/ 1818) (2337).
Повеќе... (2)
تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.
لعبد الله البسام (ص730).