Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

19 од 841 картички

Исчисти филтри
„Злато за злато, сребро за сребро, пченица за пченица, јачмен за јачмен, урми за урми и сол за сол – сè со иста мера, подеднакво, и од рака во рака. А ако разменувате различни видови, тогаш продавајте како што сакате – но само ако е со непосредна испорака,од рака во рака.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Откупот за заветот е ист како откупот за заклетвата.“
Автентичен Го бележи Муслим
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил да се дава завет и рекол: „Тој не носи никакво добро, со него само се извлекува нешто од скржавецот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,О, Божји пратенику, мајка ми почина. Кој вид на садака е најдобар за неа?“ Одговорил: ,Водата.‘ Тогаш Сад бин Убаде ископа бунар и рече: ,Ова е за мајката на Сад.‘“
Добар поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ибн Маџе
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испратил човек да го собере закатот од племето Бену Сулејм. Тој човек се викал ибн Ел-Лутбија. Кога се вратил, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повикал да за пресметка на собраното. Човекот рече: „Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Зошто не остана во куќата на твојот татко и мајка, па да видиме дали ќе ти дадат подарок – ако ја зборуваш вистината?“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ни одржа хутба. Му заблагодари на Аллах, Го возвиши Него, па рече: „Навистина, јас испраќам некој од вас на должност – за работа што ми ја доверил Аллах – па тој ќе се врати и ќе рече: ,Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.‘ Зошто не остана да седи во куќата на својот татко и мајка, па да видиме дали ќе му дојдеше подарокот? Се колнам во Аллах, никој од вас нема да земе нешто што не му припаѓа со право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го тоа со себе: – ќе дојде носејќи камила што рика, – или крава што мука, – или овца што блее.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја крена раката толку високо што се виде белината на неговата подмишка и рече: „Аллаху мој, посведочи дека го пренесов ова!“ Потоа додаде: „Моите очи видоа, а моите уши слушнаа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Џибрил толку често ме советуваше (да се однесувам добро) со соседот, што помислив дека ќе има удел во наследството.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога ќе умре човекот, неговите дела престануваат, освен во три случаи: трајната садака, знаењето од кое луѓето имаат корист по него или добродетелното дете кое прави дова за него.“
Автентичен Го бележи Муслим
„,Кој со лажно колнење ќе го присвои правото на некој муслиман, Аллах му го наредил Огнот (како казна) и му го забранил Џенетот.‘ Еден човек прашал: ,О Аллахов пратенику, дури и ако е нешто безначајно?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Дури и ако е гранче од дрвото арак.‘“
Автентичен Го бележи Муслим