Skip to content

„Аллах сака да се прифатат Неговите олеснувања, исто како што сака да се прифатат и Неговите строги наредби.“

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Аллах сака да се прифатат Неговите олеснувања, исто како што сака да се прифатат и Неговите строги наредби.“

«إِنَّ اللَّهَ يُحِبُّ أَنْ تُؤْتَى رُخَصُهُ، كَمَا يُحِبُّ أَنْ تُؤْتَى عَزَائِمُهُ».

Го бележи Ибн Хибан
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека Аллах сака да се применат Неговите олеснувања кои ги пропишал, како што се олеснувањата во прописите и обредите, и да му се олесни на оној кој има оправдана причина - како што е скратувањето и спојувањето на намазот при патувањето. Исто така, Аллах сака да се применуваат и Неговите строги наредби, бидејќи Неговите наредби за олеснувањата и наредбите се еднакви.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Ова укажува на огромната Аллахова милост кон Неговите робови и дека Тој сака да се применуваат Неговите олеснувања.

Совршенството на исламскиот верозакон и отстранувањето на потешкотиите од муслиманите.

Референци

Сахих Ибн Хибан (2/ 69) (354).

Повеќе... (2)

فيض القدير (2/292).

نيل الأوطار (3/244).