9 : 100
وَٱلسَّٰبِقُونَ ٱلۡأَوَّلُونَ مِنَ ٱلۡمُهَٰجِرِينَ وَٱلۡأَنصَارِ وَٱلَّذِينَ ٱتَّبَعُوهُم بِإِحۡسَٰنٖ رَّضِيَ ٱللَّهُ عَنۡهُمۡ وَرَضُواْ عَنۡهُ وَأَعَدَّ لَهُمۡ جَنَّٰتٖ تَجۡرِي تَحۡتَهَا ٱلۡأَنۡهَٰرُ خَٰلِدِينَ فِيهَآ أَبَدٗاۚ ذَٰلِكَ ٱلۡفَوۡزُ ٱلۡعَظِيمُ
Аллах е задоволен од првите муслимани, мухаџирите и енсариите, и од сите тие кои ги следат правејќи добри дела. А и тие се задоволни од Него: Тој за нив подготви џенетски градини низ кои реки течат и тие вечно и за секогаш во нив ќе живеат. Тоа е голем успех.
Explanation & meanings · 2
- Мухаџири (ар.) – се однесува на муслиманите кои што заедно со Пратеникот Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, учествувале во хиџрата, односно, се преселиле од Мека во Медина. Тие биле првите верници и имаат големо значење и почест.
- Енсарии (ар.) – се однесува на жителите на Медина кои што го дочекале, примиле и помогнале последниот Божји Пратеник и Веровесник, Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, како и тие што се доселиле со него од Мека.