الحسن بن علي بن أبي طالب
الإسم
Хасан бин Али бин Ебу Талиб
اسم الشهرة
Хасан ибн Али – Аллах нека е задоволен со обајцата –
نبذة مختصرة
Ебу Мухамед, Хасан бин Али бин Ебу Талиб ел-Хашими ел-Куреши, е внукот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Роден е во 3-та хиџретска година во Медина. Тој е петтиот и последниот од праведните халифи. Неговата мајка е Фатима ез-Зехра, ќерката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а тој е нејзиното најстаро и прво дете. Хасан бил мудар, трпелив, добродушен и надарен со јасен и елоквентен говор. Познат бил по својата остроумност и способност за брзо размислување. Аџилак извршил дваесет пати пеш. Во 41-та хиџретска година, доброволно се откажал од халифатот и му ја предал власта на Муавија. Таа година била наречена „Година на единството“ поради обединувањето на муслиманите. Потоа се повлекол во Медина, каде што останал до својата смрт. Според некои преданија, починал отруен. Неговиот халифат траел шест месеци и пет дена. Починал во 50-та хиџретска година.