حذيفة بن حسل بن جابر العبسي
الإسم
Хузејфе бин Хасл бин Џабир ел-Абси
اسم الشهرة
Хузејфе ибн ел-Јеман – Аллах нека е задоволен со него –
نبذة مختصرة
Хузејфе бин ел-Јеман ел-Абси е истакнат асхаб. Неговиот татко, вмешан во крвна одмазда, побегнал во Медина, каде што склучил сојуз со племето Бену Абдул-Ешхел. Поради овој сојуз, неговите сонародници го нарекле Ел-Јеман, бидејќи станал сојузник на Јеманците. Во Медина се оженил со мајката на Хузејфе, кој таму бил и роден. Како Хузејфе, така и неговиот татко го прифатиле исламот. Хузејфе учествувал во битката на Хендек, како и во сите други настани што следувале. Халифата Омер го назначил за управник на градот Ел-Медаин, каде што останал сè до својата смрт. Починал четириесет дена по убиството на Осман и по положувањето на заклетвата на Али, Аллах нека е задоволен со сите нив. Во двата Сахиха е пренесено дека Ебу Дерда му рекол на Алкаме: „Зарем меѓу вас не е чуварот на тајната, која никој друг не ја знае?“ – мислејќи на Хузејфе. Исто така, пренесено e дека Омер го прашал Хузејфе за фитната. Хузејфе учествувал и во освојувањето на Ирак. Починал во 36-та хиџретска година.