Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри
„Бев тој што им точеше пијалак на луѓето во куќата на Ебу Талха, а нивниот пијалок тогаш беше ,фадих‘ – неферментиран алкохолен пијалок од урми. Тогаш Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испрати гласник кој повика: ,Внимавајте! Алкохолот отсега е забранет!‘ Ебу Талха ми рече: ,Излези и истури го!‘ Излегов и го истурив – и алкохолот потече по улиците на Медина. Некои од луѓето рекоа: ,Има такви што починаа, а алкохолот сè уште им беше во стомаците!‘ Тогаш Аллах објави: ,Тие што веруваат и добри дела прават немаат никаков грев во тоа што го изеле и испиле пред забраната...‘ до крај на ајетот.“ (Ел-Маиде, 93)
Автентичен Муттефекун алејхи
во врска со зборовите на Возвишениот Аллах: „И на тој што во него ќе сака какво било насилство да стори, ќе им дадеме неиздржливо страдање да доживеат.“ (Ел-Хаџ, 25), рекол: „Ако некој само науми да направи насилство во него – дури и да е далеку, во Аден, областа Ебјан – Аллах ќе го натера да вкуси неиздржливо страдање.“
Автентичен Го бележат Ахмед и Хаким
„Бев кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Еден човек рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да ги напојувам со вода аџиите.’ Друг рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да го одржувам Светиот Храм.’ А трет рече: ,Џихадот на Аллаховиот пат е подобар од тоа што го рековте.’ Па Омер ги укори и им рече: ,Не ги кревајте вашите гласови кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – а тоа беше во петочен ден. Откако ќе го клањам џума намазот, ќе влезам и ќе го прашам за тоа околу што се разидовте.’ Тогаш Севишниот Аллах објави: „Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“
Автентичен Го бележи Муслим
кога Возвишениот Аллах објави: „А тие што не судат според тоа што Аллах го објавил, тие се вистински неверници“ (Ел-Маиде, 44), и „ се вистински насилници “ (Ел-Маиде, 45), и „ се вистински грешници “ (Ел-Маиде, 47). Ибн Абас рекол: Аллах ги објави тие ајети за двете групи од евреите. Едната група во времето на џахилиетот (незнаењето) ја имаше покорено другата, сè додека не се согласија и не се спогодија: дека за секој убиен од покорената група од страна на посилната – откупот ќе биде педесет товара (веск), а за секој убиен од посилната група од страна на послабата – откупот ќе биде сто товара (веск). Така продолжија сè додека не дојде Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во Медина. Двете групи се потчинија на неговото доаѓање, иако Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, тогаш сè уште немаше власт над нив, ниту ги стави под своја управа – туку беше во примирје со нив. Тогаш послабата група уби еден човек од посилната, на што посилната испрати порака до послабата: „Испратете ни сто товара.“ Послабата група рече: „Зарем може во две племиња, чија вера е една, нивното потекло е едно, нивната земја е една – крвнината на едните да биде половина од крвнината на другите? Ние ви го дававме ова само од страв и од потчинетост кон вас. Но, сега кога дојде Мухамед – нема повеќе да ви го даваме тоа.“ За малку ќе избувнеше војна меѓу нив, па се согласија да го земат Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за судија меѓу нив. Тогаш посилната група си рече: „Се колнеме во Аллах, Мухамед нема да ви пресуди да ви даде двојно повеќе од тоа што нему му давате. Тие навистина кажаа вистина: ние ова им го дававме само заради нашата сила над нив и за да ги потчиниме. Па испратете тајно кај Мухамед луѓе што ќе ви го јават неговото мислење: ако ви го даде она што го сакате – земете го за судија, а ако не – чувајте се и не го земајте за судија.“ Па испратија кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, неколку лицемери за да го дознаат неговото мислење. Кога дојде Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Аллах го извести за целата нивна ситуација и за тоа што намислиле. Па Возвишениот Аллах објави: „О, Пратенику, нека не те загрижува тоа што брзо го покажуваат неверувањето тие кои со устите свои велат ,веруваме’...“ (Ел-Маиде, 41), сè до Неговите зборови: „Тие што не судеа според тоа што Аллах го објавил се вистински грешници!“ (Ел-Маиде: 47). Потоа (Ибн Абас) рекол за нив: „Се колнам во Аллах, тие ајети беа објавени за нив, и се однесуваат за нив.“
Добар Го бележи Ахмед