Skip to content

„Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“

Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува:

„Бев кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Еден човек рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да ги напојувам со вода аџиите.’ Друг рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да го одржувам Светиот Храм.’ А трет рече: ,Џихадот на Аллаховиот пат е подобар од тоа што го рековте.’ Па Омер ги укори и им рече: ,Не ги кревајте вашите гласови кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – а тоа беше во петочен ден. Откако ќе го клањам џума намазот, ќе влезам и ќе го прашам за тоа околу што се разидовте.’ Тогаш Севишниот Аллах објави: „Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“

كُنْتُ عِنْدَ مِنْبَرِ رَسُولِ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَقَالَ رَجُلٌ: مَا أُبَالِي أَلَّا أَعْمَلَ عَمَلًا بَعْدَ الإِسْلَامِ إِلَّا أَنْ أُسْقِيَ الحَاجَّ، وَقَالَ آخَرُ: مَا أُبَالِي أَلَّا أَعْمَلَ عَمَلًا بَعْدَ الإِسْلَامِ إِلَّا أَنْ أَعْمُرَ المَسْجِدَ الحَرَامَ، وَقَالَ آخَرُ: الجِهَادُ فِي سَبِيلِ اللهِ أَفْضَلُ مِمَّا قُلْتُمْ، فَزَجَرَهُمْ عُمَرُ، وَقَالَ: لَا تَرْفَعُوا أَصْوَاتَكُمْ عِنْدَ مِنْبَرِ رَسُولِ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ وَهُوَ يَوْمُ الجُمُعَةِ، وَلَكِنْ إِذَا صَلَّيْتُ الجُمُعَةَ دَخَلْتُ فَاسْتَفْتَيْتُهُ فِيمَا اخْتَلَفْتُمْ فِيهِ، فَأَنْزَلَ اللهُ عَزَّ وَجَلَّ: {أَجَعَلْتُمْ سِقَايَةَ الْحَاجِّ وَعِمَارَةَ الْمَسْجِدِ الْحَرَامِ كَمَنْ آمَنَ بِاللهِ وَالْيَوْمِ الْآخِرِ} [التوبة: 19] الآيَةَ إِلَى آخِرِهَا.

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека седел кај минберот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога слушнал еден човек како вели: „Не ми е важно ако по исламот не направам ништо друго, освен да ги напојувам аџиите со вода.“ Друг рекол: „Не ми е важно ако по исламот не направам ништо друго, освен да го одржувам Светиот Храм.“ А трет рекол: „Џихадот на Аллаховиот пат е подобар од тоа што го рековте.“ Тогаш Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, ги прекорил што ги креваа гласовите кај минберот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – а тоа беше едно петочно утро. Па им рече: „Отакако ќе клањам џума, ќе влезам и ќе го прашам Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за тоа во што се разидовте.“ Тогаш Возвишениот Аллах го објави ајетот: „Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува и кој на Аллаховиот пат се бори? Тие не се еднакви пред Аллах. А Аллах нема да им укаже на Вистинскиот пат на тие што самите си прават неправда.“ (Ет-Теуба, 19)

Од придобивките на хадисот

Разликувањето меѓу делата во нивната награда и вредност.

Делата се одликуваат според она што е утврдено со шеријатската објава, а не според човечките мислења и проценки.

Одличието на џихадот на Аллаховиот пат – но под услов тој да биде со верување во Аллах и во Судниот ден.

Имамот ен-Невеви рекол: „Во ова има доказ дека е непожелно кревањето на гласит во џамиите – и на петочен ден и во текот на другите денови. Не треба да се крева гласот ниту со знаење, ниту со нешто друго кога луѓето се собрани за намаз, бидејќи со тоа се предизвикува вознемирување и пречка и за оние што клањаат, и за оние што го спомнуваат Аллах.“

Референци

Сахих Муслим (3/ 1499) (1879).

Повеќе... (3)

المفهم لما أشكل من تلخيص كتاب مسلم (3/ 720).

البحر المحيط الثجاج في شرح صحيح الإمام مسلم بن الحجاج (32/ 395).

النهاية في غريب الحديث والأثر (ص 897).