Skip to content

„Откупот за заветот е ист како откупот за заклетвата.“

Од Укбе бин Амир, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Откупот за заветот е ист како откупот за заклетвата.“

«كَفَّارَةُ النَّذْرِ كَفَّارَةُ اليَمِينِ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека откупот за неопределен завет – кога човек не прецизирал во што се состои ниту го именувал – е ист како откупот за заклетвата.

Од придобивките на хадисот

Заветот во шеријатската терминологија значи: Свесно и доброволно задолжување себеси со нешто заради Севишниот Аллах.

Откупот за заклетва е: да се нахранат десет сиромаси, или да им се обезбеди облека, или да се ослободи роб. Ако човекот не е во можност да го стори тоа – тогаш да пости три дена.

Мудроста од откупот е муслиманот да го почитува заветот и да не се враќа на него, ниту, пак, тој лесно да му биде да го изговори со јазик.

Видови на завет: 1. Неопределен завет (мутлак): Пример: „Давам завет заради Аллах ако оздравам,“ а потоа замолчел и не одредил конкретно нешто. Во ваков случај, кога ќе се оствари условот (оздравувањето), должност му е да даде откуп како за заклетва. 2. Завет од инает или гнев: Тоа е кога човек го врзува заветот со некој услов, со намера да спречи некоја постапка или да поттикне на неа. Пример: „Ако ти прозборам – должност ми е да постам еден месец.“ Прописот е: има избор – или да го исполни она што го врзал, или да даде откуп како за заклетва. 3. Дозволен завет: Пример: „Се заветувам заради Аллах да ја облечам мојата облека.“ Прописот е: има избор – или да ја облече, или да даде откуп како за заклетва. 4. Завет мекрух: Пример: „Се заветувам заради Аллах да ја разведам сопругата.“ Прописот е: препорачливо е да даде откуп како за заклетва, без да го изврши заветот. Ако сепак го изврши – тогаш нема обврска за откуп. 5. Завет за грев: Пример: „Се заветувам заради Аллах да украдам.“ Прописот е: строго е забрането да се исполни и задолжително е да се даде откуп како за заклетва. Ако пак го изврши, греши – и нема откуп за тоа. 6. Завет за покорност (ибадет): Пример: „Се заветувам заради Аллах да клањам одреден број намази,“ со намера да се доближи до Аллах. Ако го врзал со услов – како оздравување на болен – тогаш исполнувањето станува задолжително кога ќе се исполни условот. Ако не е врзан со услов, задолжително е да се исполни без оглед.

Референци

Сахих Муслим (3/ 1265) (1645).

Повеќе... (8)

فتح ذي الجلال والإكرام شرح بلوغ المرام.

لابن عثيمين (6/ 128).

توضيح الأحكام من بلوغ المرام.

لعبد الله البسام (7/ 135).

منحة العلام شرح بلوغ المرام.

لعبد الله الفوزان (5/ 98).

سبل السلام.

لمحمد الصنعاني (2/ 558).