Skip to content

„Кој оди во џамија наутро или навечер, Аллах ќе му подготви место во Џенетот секогаш кога ќе порани или отиде (подоцна).“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Кој оди во џамија наутро или навечер, Аллах ќе му подготви место во Џенетот секогаш кога ќе порани или отиде (подоцна).“

«مَنْ غَدَا إِلَى الْمَسْجِدِ أَوْ رَاحَ أَعَدَّ اللهُ لَهُ فِي الْجَنَّةِ نُزُلًا، كُلَّمَا غَدَا أَوْ رَاحَ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го израдувал со овие зборови секого што доаѓа во џамија за намаз, знаење или други добри цели; на почетокот или на крајот на денот, Аллах на таквиот му подготвил место и гостопримство во Џенетот, кога и да дојде во џамија, ноќе или дење.

Од придобивките на хадисот

Вредноста на одењето во џамија, и поттик за клањањето на намазот во џемат. Колку добрина, доблест и награда, што Возвишениот Аллах ги подготвил за оние кои ја посетуваат Неговата куќа, пропуштаат оние кои не одат во џамија.

Ако луѓето ги почитуваат оние кои доаѓаат во нивните домови и им принесуваат храна, тогаш Семоќниот и Возвишениот Аллах е подарежлив од Неговите созданија! Кој ќе го посети Неговиот дом, Тој ќе го почести, и ќе му подготви големо и величествено живеалиште.

Радоста и среќата од одењето во џамиите; Затоа што секојпат кога ќе порани или отиде му се подготвува убаво место, сразмерно со тоа колку пати отишол.

Референци

Сахих Ел-Бухари (1/ 133) (662).

Сахих Муслим (1/ 463) (669).

Повеќе... (6)

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 153).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (2/ 166).

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 204).