Skip to content

„Дали да ви кажам што е подобро од степенот на постот, намазот и садаката?“

Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Дали да ви кажам што е подобро од степенот на постот, намазот и садаката?“ Рекоа: „Да.“ Тој рече: „Поправањето на меѓучовечките односи. Зашто нарушените односи се како ,жилетот.‘“

«أَلاَ أُخْبِرُكُمْ بِأَفْضَلَ مِنْ دَرَجَةِ الصِّيَامِ وَالصَّلاَةِ وَالصَّدَقَةِ؟» قَالُوا: بَلَى، قَالَ: «صَلاَحُ ذَاتِ البَيْنِ، فَإِنَّ فَسَادَ ذَاتِ البَيْنِ هِيَ الحَالِقَةُ».

Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги прашал асхабите: „Дали да ви кажам што носи поголема награда од многу доброволен пост, намаз и садака?“ Тие рекле: „Да.“ Тој рекол: „Поправањето на односите меѓу скараните, бидејќи кавгата предизвикува поделби, студенило, омраза и отуѓување меѓу луѓето. Нарушените односи носат омраза која ја уништува и верата и животот, како што жилетот ја бричи од корен косата.“

Од придобивките на хадисот

Традицијата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, да прашува и да ги потстрекне асхабите за да го зголеми нивниот интерес за одговорот.

Ет-Тиби рекол: „Ова е поттик и охрабрување за поправка на односите и избегнување на нивното нарушување. Поправката е причина за цврста врска со Аллаховото јаже и за единство меѓу муслиманите. Нарушувањето на односите е пукнатина во верата. Оној што ќе се зафати да ги поправи и да го отстрани расипувањето, ќе достигне степен повисок од оној што пости, клања и се занимава само со својата лична побожност.“

Референци

Сунен Ебу Давуд (7/ 280) (4919).

Сунен Тирмизи (4/ 244) (2509).

Повеќе... (2)

تحفة الأحوذي (7/ 179).

شرح سنن أبي داود للعباد (559/ 32).