Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Дали да ви кажам што е подобро од степенот на постот, намазот и садаката?“ Рекоа: „Да.“ Тој рече: „Поправањето на меѓучовечките односи. Зашто нарушените односи се како ,жилетот.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи
„Вистински ги одржува роднинските врски не оној што само возвраќа на посетите, туку оној кој ја одржува врската дури и кога таа е прекината.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Аллах е задоволен со вас во три нешта, и мрази три нешта: задоволен е за вас да го обожувате Него и да не Му припишувате ништо рамно Нему, и да се држите сите за Аллаховото јаже и да не се разединувате; а го мрази: празното рекла-кажала зборување, претераното поставување прашувања и расипништвото.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Помогни му на братот свој, без разлика дали е тој неправедник или неправедно третиран.“ Еден човек праша: „О, Аллахов Пратенику, ќе му помагам ако е неправедно третиран, но како да му помогнам ако е неправедник?“ Пратеникот одговори: „Ќе го спречиш во правењето неправда; тоа е помошта кон него.“
Автентичен Го бележи Бухари