الفضل بن العباس
الإسم
Фадл бин Абас
اسم الشهرة
Фадл ибн Абас – Аллах нека е задоволен со обајцата –
نبذة مختصرة
Фадл бин Абас бин Абдулмуталиб бин Хашим бин Абд Менаф ел-Куреши ел-Хашими, познат како Ебу Мухамед и Ебу Абдулах, беше истакнат асхаб и најстариот син на Абас, чичкото на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Абас го добил прекарот Ебу Фадл по него. Фадл учествувал во освојувањето на Мека во 8-та хиџретска година и во битката кај Хунејн, каде што останал со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, заедно со неговото семејство и неколку асхаби, додека повеќето други се повлекле. Присуствувал и на прошталниот аџилак, каде што ја имал честа да јава зад Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, од Музделифе до Мина, поради што бил наречен „Сопатникот на Божјиот пратеник“. Фадл бил присутен за време на смртта на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и учествувал во неговото миење, истурајќи му вода на Али бин ебу Талиб. Постојат различни мислења околу годината на неговата смрт, но најточната верзија наведува дека заминал како муџахид во Шам и починал за време на епидемијата на чума во Амвас, во близина на Јордан, во 18-та хиџретска година, за време на калифатот на Омер бин ел-Хатаб.