حاطب بن أبي بلتعة اللخمي
الإسم
Хатиб ибн Ебу Белте ел-Лехми
اسم الشهرة
Хатиб ибн Ебу Белте
نبذة مختصرة
Хатиб бин Ебу Белте бин Амр бин Умејр бин Селеме ел-Лехми, сојузник на Бену Есед бин Абдул-Уза, е еден од учесниците на битката кај Бедр, според историските преданија. Во Сунетот е пренесено дека робот на Хатиб се пожалил на него пред Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, велејќи: „,О Божји пратенику, Хатиб сигурно ќе влезе во Огнот.‘ Но Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Не, бидејќи тој учествуваше во битката кај Бедр и на Худејбија.‘ Хатиб рекол: ,Се колнам во Аллах, никогаш не се посомневав во Аллах откако го прифатив исламот, но бев странец и имав деца и браќа во Мека.‘“ Ова го рекол како објаснување за своето дело – испраќање порака до жителите на Мека за планот на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за освојувањето на Мека. По оваа случка беше објавен ајетот: „О, верници, не земајте ги Моите непријатели и своите непријатели за пријатели...“ (Ел Мумтехина, 1) Хатиб починал во 30-та хиџретска година.