Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри
„Аллах пропишал обврски – затоа не ги занемарувајте. Поставил граници – затоа не ги преминувајте. Забранил одредени работи – затоа не ги прекршувајте. А за одредени нешта премолчал од милост кон вас, а не од заборав – затоа не распрашувајте за нив.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележи Дарекутни во неговиот ,,Сунен“ и други
„Од Сунетот е, кога муезинот во сабахскиот езан ќе каже: Хаја алел-фелах (Дојдете на спас), да каже: Ес-салату хајрун минен-невм (Намазот е подобар од спиењето).“
Автентичен Го бележат Ибн Хузејме, Дарекутни и Бејхеки
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, забрани чистење по извршување на физиолошка потреба со измет или коска, велејќи: ,Тие не ја отстрануваат нечистотијата.’”
Автентичен Го бележи Дарекутни
„Не се нанесува штета, ниту се возвраќа со правење штета."
Добар Го бележат Ибн Маџе, Даракутни и други како муснед
„Не се прави штета, ниту се возвраќа со правење штета, а кој ќе направи некаква штета, Аллах ќе му наштети, а кој на другите им отежнува, Аллах нему ќе му отежне."
Автентичен со верзиите кои го поткрепуваат Го бележи Дарекутни
„Кога некој од вас ќе земе абдест и ќе ги облече мествите, нека клања во нив, а при земање абдест нека ги потре одозгора, и не мора да ги соблекува, освен во случај на голема нечистотија.“
Автентичен Го бележи Дарекутни