Skip to content

„Не се нанесува штета, ниту се возвраќа со правење штета."

Ебу Сеид, Сад бин Малик бин Синан ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Не се нанесува штета, ниту се возвраќа со правење штета."

«لَا ضَرَرَ وَلَا ضِرَارَ».

Го бележат Ибн Маџе, Даракутни и други како муснед
Добар
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека задолжително е да се отстрани секоја штета – од каков било вид и облик – и од себе и од другите. Никому не му е дозволено да си наштети самиот на себе, ниту да им нанесува штета на другите луѓе. Исто така, не е дозволено на човекот да одговара на штета со штета, бидејќи штетата не се отстранува со штета, освен во случај на пропишана казна – соодветна на делото, без пречекорување.

Од придобивките на хадисот

Забрана да се возврати повеќе, освен со иста мера.

Аллах не им наредил на Своите робови нешто што би им наштетило.

Хадисот претставува основа за забраната на нанесување штета, било со збор, со дело или со запоставување.

Од шеријатските правила е:„Штетата се отстранува", исламското законодавство не поттикнува ниту одобрува правење штета.

Референци

Сунен Дарекутни (4/ 51) (3079).

Повеќе... (5)

التحفة الربانية في شرح الأربعين حديثًا النووية (ص74).

شرح الأربعين النووية.

لابن عثيمين (ص325).

فتح القوي المتين في شرح الأربعين وتتمة الخمسين.

للعباد (ص112).