Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

95 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (52)
„Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам, до Џенетот и му рече: ,Погледни го и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него а да не влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Џенетот со потешкотии и рече: ,Оди и погледни го повторно и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со потешкотии и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах рече: ,Оди и погледни го Огнот и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека се натрупува еден врз друг и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Огнот со страсти и рече: ,Оди и погледни го повторно.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со страсти и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да се спаси од него.’“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
„Навистина (некои форми на) рукјата, амајлиите и тивелите се дела на ширк.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
,,Оној кој јавно (на глас) го рецитира Куранот е како оној кој јавно дава садака, додека оној кој тајно (во себе) го рецитира Куранот е како оној кој тајно дава садака.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
„Дали да ви кажам што е подобро од степенот на постот, намазот и садаката?“ Рекоа: „Да.“ Тој рече: „Поправањето на меѓучовечките односи. Зашто нарушените односи се како ,жилетот.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи
„Навистина, вашиот Господар е Срамежлив и Благороден – се срами од Својот роб кога тој ќе ги крене рацете (со дова) кон Него, да ги врати празни.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ибн Маџе
„Кој ќе се заколне во аманетот (поверливоста) тој не е од нас.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Ахмед
„Господарот е најблиску до Својот роб во последниот дел од ноќта. Ако можеш да бидеш од оние што Го спомнуваат Аллах во тој час, тогаш биди.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
„Еден ден, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, стана во толпата и ни одржа говор заради кој срцата ни затреперија а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Пратенику, ова како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.‘ Тој рече: ,Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи, загризете ја таа традиција со катниците и од ново-воведените работи во верата, бидејќи секоја измислена работа води кон заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед