Skip to content

„Кога ќе се постави џеназата (врз носилката) и кога луѓето ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар, ќе рече: ,Поведете ме напред!‘

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Кога ќе се постави џеназата (врз носилката) и кога луѓето ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар, ќе рече: ,Поведете ме напред!‘ А ако бил лош, ќе рече: ,Тешко мене, каде ме носите?‘ Неговиот глас го слушаат сите – освен луѓето. А кога тие би можеле да го чујат, би паднале во несвест од страв.“

«إِذَا وُضِعَتِ الجِنَازَةُ وَاحْتَمَلَهَا الرِّجَالُ عَلَى أَعْنَاقِهِمْ فَإِنْ كَانَتْ صَالِحَةً قَالَتْ: قَدِّمُونِي، وَإِنْ كَانَتْ غَيْرَ صَالِحَةٍ قَالَتْ: يَا وَيْلَهَا أَيْنَ يَذْهَبُونَ بِهَا؟ يَسْمَعُ صَوْتَهَا كُلُّ شَيْءٍ إِلَّا الإِنْسَانَ، وَلَوْ سَمِعَهُ صَعِقَ».

Го бележи Бухари
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека кога џеназата ќе се постави на носилката и мажите ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар – ќе рече: „Поведете ме напред!“ – поради она што го гледа од наградата што го очекува. А ако не бил добар – ќе извика со страотен глас: „Тешко мене, каде ме носите?!“ – поради она што го гледа од казната што му претстои. Неговиот глас го слушаат сите – освен луѓето. А кога човекот би можел да го чуе, би паднал во несвест од ужасот на тоа што го слуша.

Од придобивките на хадисот

Добриот покојник ги гледа радосните вести уште пред да биде погребан, додека неверникот е престрашен – гледајќи го спротивното.

Постојат звуци што ги слушаат другите суштества, но не и луѓето, звуци што човекот не е во состојба да ги чуе.

Сунет е џеназата да ја носат мажите на своите раменици, а не жените – затоа што Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им забранил на жените да ја следат џеназата.

Референци

Сахих Ел-Бухари (2/ 85) (1314).

Повеќе... (8)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 513).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 400).

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (7/ 122).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (4/ 546).