,Не е од добродетелство постот за време на патување
Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува:
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на патување и забележа метеж околу еден човек врз кого правеле сенка. Па праша: ,Што е ова?’ Му одговорија: ,Тоа е човек што пости.‘ Тогаш тој рече: ,Не е од добродетелство постот за време на патување.‘“ А во друга верзија кај Муслим стои: „Придржувајте се до олеснувањето што Аллах ви го дозволил.“
كَانَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ فِي سَفَرٍ، فَرَأَى زِحَامًا وَرَجُلًا قَدْ ظُلِّلَ عَلَيْهِ، فَقَالَ: «مَا هَذَا؟»، فَقَالُوا: صَائِمٌ، فَقَالَ: «لَيْسَ مِنَ البِرِّ الصَّوْمُ فِي السَّفَرِ»، وَفِي لَفْظٍ لِمُسلِمٍ: «عَلَيْكُمْ بِرُخْصَةِ اللهِ الَّذِي رَخَّصَ لَكُمْ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил на патување и видел човек околу кого се собрале луѓе, а врз него направиле сенка поради жештината и силната жед. Пратеникот прашал: „Што е со него?“ Му рекоа: „Пости.“ Тогаш рече: „Не е од добродетелство постот на патување. Придржувајте се кон олеснувањето што Аллах ви го дозволил.“
Појаснување за леснотијата на исламскиот шеријат.
Дозволено е да се пости за време на патување, но исто така е дозволено и да се искористи олеснувањето – да се прекине постот.
Постењето за време на патување е мекрух (непрепорачливо) ако му причинува тешкотија на човекот, а ако доведе до опасност по живот – тогаш е харам.
Ен-Невеви рекол: „,Не е од добродетелството да постите за време на патување’ – односно, кога тоа ви претставува тешкотија и се плашите од штета. Контекстот на хадисот укажува на вакво толкување.”
Грижата на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за неговите асхаби и неговото интересирање за нивната состојба.
Сахих Ел-Бухари (3/ 34) (1946).
Сахих Муслим (2/ 786) (1115).
Повеќе... (4)
تيسير العلام.
للبسام (ص327).
تنبيه الأفهام شرح عمدة الإحكام.
لابن عثيمين (3/ 433).