Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

27 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Секој кој ќе го исполни постот во месецот рамазан, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘ Таа ми рече: ,Да не си ти харуријка?‘ Реков: ,Не сум харуријка, туку само прашувам.‘ Таа рече: ,И нас тоа нè снаоѓаше, па ни беше наредено да го надокнадуваме постот, а не ни беше наредено да ги надокнадуваме намазите.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Некои луѓе од асхабите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во сон виделе дека Ноќта на Кадр се наоѓа во последните седум ноќи од рамазан. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Гледам дека вашите соништа се совпаѓаат во тоа дека таа е во последните седум ноќи – па кој сака да ја бара, нека ја бара во тие седум последни ноќи.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата. Ќе се повика: ,Каде се постачите?‘ – и тие ќе станат и ќе влезат. Кога ќе влезат, вратата ќе се затвори и никој друг нема да може да влезе преку неа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Еден човек го праша Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам, и не правам ништо повеќе од тоа, дали ќе влезам во Џенетот?“ Тој одговори: „Да“.
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој ќе заборави дека пости, па ќе јаде или ќе пие, нека го доврши својот пост, затоа што Аллах (така) го нахранил и го напоил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него. Постот е штит, кога некој од вас пости, нека не зборува простаклаци и нека не го крева гласот, расправајќи се, ако некој го навреди или се степа со него, нека каже: ,Јас постам!‘ Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, здивот од устата на постачот е поубав кај Аллах од мирисот на мошус. Постот има две радости: една кога ќе го заврши постот и друга кога ќе Го сретне својот Господар, и ќе се израдува на својот пост!“
Автентичен Муттефекун алејхи