„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше ниту еден доброволен намаз на кој повеќе внимаваше (за кој беше поупорен) од двата реката пред сабахскиот намаз.“
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува:
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше ниту еден доброволен намаз на кој повеќе внимаваше (за кој беше поупорен) од двата реката пред сабахскиот намаз.“
لَمْ يَكُنِ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عَلَى شَيْءٍ مِنَ النَّوَافِلِ أَشَدَّ مِنْهُ تَعَاهُدًا عَلَى رَكْعَتَيِ الفَجْرِ.
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, известува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, најмногу внимаваше, беше најупорен и најредовен во извршувањето на двата реката сунет пред сабахскиот намаз, повеќе отколку било кој друг доброволен намаз.
Доброволните намази се сите намази покрај задолжителните, а овде се мисли на потврдените сунети поврзани со фарзовите.
Потврдените сунети се: два реката пред сабахот, четири реката пред пладневниот намаз и два по него, два по акшамскиот и два по јацискиот намаз.
Сабахскиот сунет се клања и кога човекот е дома и кога е на патување, додека пладневните, акшамските и јациските сунети се клањаат само кога човекот е во местоto на постојан престој.
Двата реката пред сабахот се утврден сунет и не треба да се изоставуваат.
Сахих Ел-Бухари (2/ 57) (1169).
Сахих Муслим (1/ 501) (724).
Повеќе... (4)
تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.
لعبد الله البسام (ص113).
تنبيه الأفهام شرح عمدة الأحكام.
لابن عثيمين (1/ 144).