Skip to content

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се абдестел миејќи ги деловите од телото по двапати

Од Абдулах ибн Зејд, радијаллаху анху, се пренесува дека:

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се абдестел миејќи ги деловите од телото по двапати.

أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ تَوَضَّأَ مَرَّتَيْنِ مَرَّتَيْنِ.

Го бележи Бухари
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, понекогаш, кога се абдестел, го миел секој од деловите на абдестот по двапати, така го миел лицето – вклучувајќи го плакнењето на устата и вшмукувањето (внесувањето) вода во носот – рацете и нозете, по двапати.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Задолжително во абдестот е деловите да се измијат по еднаш, а сè што е повеќе од тоа е препорачано (мустехаб).

Допуштено е понекогаш деловите за абдест да се измијат по двапати.

Пропишано е главата да се помине со мокра рака еднаш.

Референци

Сахих Ел-Бухари (1/ 43) (158).

Повеќе... (1)

إرشاد الساري لشرح صحيح البخاري (1/ 244).