Верознесникот, салаллаху алејхи ве селем, се капел со количина вода од еден са‘а до пет мудови, а земал абдест со количина од еден муд
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека
Верознесникот, салаллаху алејхи ве селем, се капел со количина вода од еден са‘а до пет мудови, а земал абдест со количина од еден муд.
كَانَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَغْسِلُ، أَوْ كَانَ يَغْتَسِلُ، بِالصَّاعِ إِلَى خَمْسَةِ أَمْدَادٍ، وَيَتَوَضَّأُ بِالْمُدِّ.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се бањал по џенабет користејќи количина вода од еден са‘а до пет мудови, а за абдест му била доволна количина од еден муд. Са‘а е мерка што содржи четири мудови, додека мудот е количина вода што може да се собере во две дланки на човек со просечна градба.
Пропишаноста на умереното користење вода за абдест и гусул, избегнувајќи прекумерност, дури и кога водата е лесно достапна.
Препорачливо е да се користи само неопходната количина вода за абдест и гусул, бидејќи тоа е во согласност со практиката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Целта е комплетно и правилно извршување на абдестот и гусулот, со почитување на сунетот и исламските прописи, избегнувајќи прекумерно трошење или прекумерна штедливост, при што се земаат предвид условите како достапноста на водата, времето и другите околности.
Терминот „џенабет“ означува состојба на голема правна нечистотија што произлегува од ејакулација или сексуален однос. Во оваа состојба, лицето мора да го избегнува намазот и другите облици на ибадет додека не се исчисти.
Са‘а е позната мерка, а овде се мисли како се сметало во времето на Веровесникот, чија тежина изнесува 480 мискали добро жито, што е еквивалентно на 3 литри.
Мудот е шеријатска мерка која претставува количина вода што може да се собере во двете дланки на човек со просечна големина. Според едногласниот став на исламските правници, мудот е една четвртина са‘а и изнесува околу 750 милилитри.
Сахих Ел-Бухари (1/ 51) (201).
Сахих Муслим (1/ 258) (325).
Повеќе... (12)
توضيح الأحكام.
للبسام (1/ 250).
سُبل السلام.
للصنعاني (1/ 79 ).
فتح ذي الجلال والإكرام.
لابن عثيمين (1/ 212).
منحة العلَّام.
لعبد الله الفوزان (1/ 186).
منار القاري شرح مختصر صحيح البخاري.
لحمزة قاسم (1/ 272).
تحقيق مقدار المد والصاع النبوي.
للدكتور عبدالمحسن القاسم.