Skip to content

„Доењето го забранува она што го забранува и раѓањето.“

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Доењето го забранува она што го забранува и раѓањето.“

«الرَّضَاعَةُ تُحَرِّمُ مَا تُحَرِّمُ الوِلَادَةُ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека преку доењето стануваат забранети истите брачни врски како и преку раѓањето и крвното сродство – како чичко, вујко, брат и слично. Исто така, преку доењето се дозволува она што е дозволено преку раѓањето, сходно шеријатските прописи.

Од придобивките на хадисот

Хадисот претставува основа за прописите на доењето.

Ибн Хаџер рекол: „Зборовите: ‚Доењето го забранува она што го забранува раѓањето‘ значат и дека го дозволува она што го дозволува раѓањето. Ова е со општ консензус во врска со забраната за брак и нејзините последици – проширување на забраната меѓу детето што доело и децата на доилката, и нивно изедначување со крвните роднини во однос на дозволеното гледање, осамувањето и патувањето заедно. Но, на тоа не се надоврзуваат останатите прописи на мајчинството – како наследството, задолжителното издржување, ослободувањето преку сопственост, сведоштвото, крвнината и укинувањето на казната за убиство.“

Овој хадис ја потврдува забраната поради доење – и тоа како трајна забрана.

Другите хадиси укажуваат дека забраната поради доење се воспоставува со пет јасни доења, и тоа во првите две години од животот.

Забранети поради крвно сродство се: мајките – и во нив спаѓаат и бабите од страна на таткото и мајката, без разлика колку високо одат, ќерките – и во нив спаѓаат ќерките на ќерките и на синовите, без разлика колку надолу одат, сестрите – било по татко и мајка, или само по едниот, тетките по татко – и во нив спаѓаат сите сестри на таткото, поблиски или подалечни, како и сестрите на дедовците, без разлика колку високо одат, тетките по мајка – и во нив спаѓаат сите сестри на мајката, поблиски или подалечни, како и сестрите на бабите, без разлика колку високо одат, било од страна на таткото или мајката, ќерките на братот, ќерките на сестрата – и во нив спаѓаат нивните ќерки, без разлика колку надолу одат.

Забранетите работи поради доење се исти како и оние поради крвно сродство. Значи: сè што е забрането поради крвна врска е забрането и поради доење, со исклучок на мајката на неговиот брат и сестрата на неговиот син поради доење – тие не спаѓаат во оваа забрана.

Референци

Сахих Ел-Бухари (3/ 170) (2646).

Сахих Муслим (2/ 1068) (1444).

Повеќе... (4)

التحفة الربانية في شرح الأربعين حديثًا النووية.

لإسماعيل الأنصاري (ص96).

الأحاديث الأربعون النووية وعليها الشرح الموجز المفيد.

لعبد الله المحسن (ص84).