Skip to content

„Смртта ќе биде доведена во форма на црно-бел овен,

Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Смртта ќе биде доведена во форма на црно-бел овен, па гласникот ќе повика: ,О жители на Џенетот', и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: ,Да, ова е смртта,' и сите ќе ја видат. Потоа гласникот ќе повика: ,О жители на Огнот,' и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: „Да, ова е смртта,“ и сите ќе ја видат. Смртта ќе биде заклана, и гласникот ќе рече: ,О жители на Џенетот, ви претстои вечноста без смрт, и о жители на Огнот, ви претстои вечноста без смрт.'" Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го рецитира ајетот: „И предупреди ги со Денот на тагата, кога со полагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат.“ (Мерјем, 39)

«يُؤْتَى بِالْمَوْتِ كَهَيْئَةِ كَبْشٍ أَمْلَحَ، فَيُنَادِي مُنَادٍ: يَا أَهْلَ الجَنَّةِ، فَيَشْرَئِبُّونَ وَيَنْظُرُونَ، فَيَقُولُ: هَلْ تَعْرِفُونَ هَذَا؟ فَيَقُولُونَ: نَعَمْ، هَذَا المَوْتُ، وَكُلُّهُمْ قَدْ رَآهُ، ثُمَّ يُنَادِي: يَا أَهْلَ النَّارِ، فَيَشْرَئِبُّونَ وَيَنْظُرُونَ، فَيَقُولُ: وهَلْ تَعْرِفُونَ هَذَا؟ فَيَقُولُونَ: نَعَمْ، هَذَا المَوْتُ، وَكُلُّهُمْ قَدْ رَآهُ، فَيُذْبَحُ ثُمَّ يَقُولُ: يَا أَهْلَ الجَنَّةِ خُلُودٌ فَلاَ مَوْتَ، وَيَا أَهْلَ النَّارِ خُلُودٌ فَلاَ مَوْتَ، ثُمَّ قَرَأَ: {وَأَنْذِرْهُمْ يَوْمَ الحَسْرَةِ إِذْ قُضِيَ الأَمْرُ وَهُمْ فِي غَفْلَةٍ} [مريم: 39]، وَهَؤُلاَءِ فِي غَفْلَةٍ أَهْلُ الدُّنْيَا {وَهُمْ لاَ يُؤْمِنُونَ} [مريم: 39]».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека смртта ќе биде донесена на Судниот ден во форма на црно-бел овен. Потоа гласникот ќе повика: „О жители на Џенетот,“ и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат. Гласникот ќе праша: „Го препознавате ли ова?“ Тие ќе речат: „Да, ова е смртта,“ и сите ќе ја видат и ќе ја препознаат. Потоа гласникот ќе повика: „О жители на Огнот,“ и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат. Тие ќе речат: „Да, ова е смртта,“ и сите ќе ја видат. Потоа смртта ќе биде заклана, и гласникот ќе рече: „О жители на Џенетот, ви претстои вечноста без смрт, и о жители на Огнот, ви претстои вечноста без смрт.“ Ова ја зголемува благодатта и уживањето за верниците и агонијата во казната за неверниците. Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го рецитираше ајетот: „И предупреди ги со Денот на тагата, кога со полагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат.“ (Мерјем, 39) На Судниот ден ќе бидат поделени жителите на Џенетот и Огнот, и секој од нив ќе влезе во своето вечно престојувалиште. Грешникот ќе жали и ќе се кае бидејќи не правел добро, додека немарниот ќе жали бидејќи не правел уште повеќе добри дела.

Значење на зборовите

كبش: ذكر الضأن.

أملح: الأبيض الذي يخالطه السواد.

Од придобивките на хадисот

Крајното престојувалиште на човекот на Судниот ден ќе биде вечноста во Џенетот или Огнот.

Сериозно предупредување за ужасот на Судниот ден, и дека тоа е денот на жалење и каење.

Објаснување за трајната среќа на жителите на Џенетот и трајната тага на жителите на Огнот.

Референци

Сахих Ел-Бухари (6/ 93) (4730).

Сахих Муслим (4/ 2188) (2849).

Повеќе... (3)

التوضيح شرح الجامع الصحيح (22/595).

عمدة القاري شرح صحيح البخاري (19/ 52).

البحر المحيط الثجاج (43/686).