Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земал абдест миејќи ги деловите од телото по еднаш
Од Ибн Абас, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекол:
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земал абдест миејќи ги деловите од телото по еднаш.
تَوَضَّأَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ مَرَّةً مَرَّةً.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, понекогаш, кога се абдестел, го миел секој од деловите на абдестот по еднаш: лицето – вклучувајќи го плакнењето на устата и вшмукувањето (внесувањето) вода во носот – рацете и нозете, по еднаш. Ова е минималната обврска во абдестот.
...:
Задолжително во абдестот е деловите да се измијат по еднаш, а сè што е повеќе од тоа е препорачано (мустехаб).
Допуштено е понекогаш деловите за абдест да се измијат по еднаш.
Пропишано е главата да се помине со мокра рака еднаш.
Сахих Ел-Бухари (1/ 43) (157).
Повеќе... (1)
إرشاد الساري لشرح صحيح البخاري (1/ 244).