Skip to content

Она што го говориш и кон што повикуваш е убаво. Ако би можел да ни кажеш дали има искупување (кефарет) за она што го имаме направено

Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува

дека една група многубошци (мушрици) кои убивале многу, и извршувале блуд во голема мера, дошле кај Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рекле: „Она што го говориш и кон што повикуваш е убаво. Ако би можел да ни кажеш дали има искупување (кефарет) за она што го имаме направено?“ Тогаш беше објавен ајетот: „И тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и кои не убиваат душа што Аллах ја забранил, освен со право, и кои не прават блуд...“ (Ел-Фуркан, 68) И исто така беше објавен ајетот: „Кажи: ,О робови Мои кои против себеси во гревовите претерувавте, не губете надеж во Аллаховата милост.‘“ (Ез-Зумер, 53)

أَنَّ نَاسًا مِنْ أَهْلِ الشِّرْكِ، كَانُوا قَدْ قَتَلُوا وَأَكْثَرُوا، وَزَنَوْا وَأَكْثَرُوا، فَأَتَوْا مُحَمَّدًا صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ فَقَالُوا: إِنَّ الَّذِي تَقُولُ وَتَدْعُو إِلَيْهِ لَحَسَنٌ، لَوْ تُخْبِرُنَا أَنَّ لِمَا عَمِلْنَا كَفَّارَةً، فَنَزَلَ {وَالَّذِينَ لا يَدْعُونَ مَعَ اللهِ إِلَهًا آخَرَ وَلا يَقْتُلُونَ النَّفْسَ الَّتِي حَرَّمَ اللهُ إِلا بِالْحَقِّ وَلا يَزْنُونَ}[الفرقان: 68]، وَنَزَلَت: {قُلْ يَا عِبَادِيَ الَّذِينَ أَسْرَفُوا عَلَى أَنْفُسِهِمْ لا تَقْنَطُوا مِنْ رَحْمَةِ اللهِ} [الزمر: 53].

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Група многубошците, кои претходно сториле многу убиства и блуд, дошле кај Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашале: „Она на што повикуваш од исламот и неговите учења е нешто убаво. Но, каква е нашата состојба со она што го сторивме – со многубоштвото и големите гревови? Дали има искупување (кефарет) за тоа?“ Тогаш беа објавени двата ајета, со кои Аллах го прифати покајанието на луѓето, и покрај нивните бројни и големи гревови. Ако не беше оваа можност за покајание, тие ќе продолжеа во своето неверие и зулум, и никогаш немаше да влезат во оваа вера.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Величината и благодатта на исламот – Тој, навистина, ги брише претходните гревови

Неизмерната милост, прошка и простување на Аллах.

Забраната на многубоштвото (ширкот), на бесправното убивање и на блудот– и заканата за оној што ги прави овие гревови.

Вистинското покајание, заедно со искреноста и добрите дела ги брише сите големи гревови, вклучително и неверувањето во Возвишениот Аллах.

Забраната на очајувањето и губењето надеж во Аллаховата милост.

Референци

Сахих Ел-Бухари (6/ 125) (4810).

Сахих Муслим (1/ 113) (122).

Повеќе... (2)

إرشاد الساري لشرح صحيح البخاري (7/ 319).

النهاية في غريب الحديث والأثر (ص 808).