„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога излегувал од нужникот, изговарал: ,Гуфранеке‘ (Аллаху, прости ми).“
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува:
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога излегувал од нужникот, изговарал: ,Гуфранеке‘ (Аллаху, прости ми).“
أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ كَانَ إِذَا خَرَجَ مِنَ الغَائِطِ قَالَ: «غُفْرَانَكَ».
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, при излегување од нужникот по завршувањето со нуждата, изговарал „Гуфранеке“, што значи: „Аллаху, прости ми.“
Препорачливо е по излегување од местото каде што се извршува нуждата да се изговори „Гуфранеке“.
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, постојано го молел Аллах за опрост во сите ситуации.
Се вели дека причината за барањето опрост по извршувањето на нужда е чувството на недоволна благодарност кон Аллах за Неговите бројни благодати, меѓу кои е и олеснувањето на исфрлањето на она што му штети на човекот. Некои исто така велат дека со оваа дова се бара опрост за времето поминато без спомнување на Аллах додека трае извршувањето на нуждата.
Сунен Ебу Давуд (1/ 24) (30).
Сунен Тирмизи (1/ 57) (7).
Сунен Ибн Маџе (1/ 200) (300).
Муснед на Ахмед ибн Ханбел (42/ 124) (25220).
Повеќе... (4)
توضيح الأحكام مِن بلوغ المرام.
لعبد الله البسام (1/ 351).
منحة العلام في شرح بلوغ المرام.
لعبد الله الفوزان (1/ 397).