إِنَّآ أَنزَلۡنَا ٱلتَّوۡرَىٰةَ فِيهَا هُدٗى وَنُورٞۚ يَحۡكُمُ بِهَا ٱلنَّبِيُّونَ ٱلَّذِينَ أَسۡلَمُواْ لِلَّذِينَ هَادُواْ وَٱلرَّبَّٰنِيُّونَ وَٱلۡأَحۡبَارُ بِمَا ٱسۡتُحۡفِظُواْ مِن كِتَٰبِ ٱللَّهِ وَكَانُواْ عَلَيۡهِ شُهَدَآءَۚ فَلَا تَخۡشَوُاْ ٱلنَّاسَ وَٱخۡشَوۡنِ وَلَا تَشۡتَرُواْ بِـَٔايَٰتِي ثَمَنٗا قَلِيلٗاۚ وَمَن لَّمۡ يَحۡكُم بِمَآ أَنزَلَ ٱللَّهُ فَأُوْلَٰٓئِكَ هُمُ ٱلۡكَٰفِرُونَ
Ние го објавивме Тевратот, кој содржи упатство и светлина. Според него на eвреите им судеа веровесниците, кои Му беа послушни на Аллах и честити луѓе, и учени, од кои е барано да ја чуваат Аллаховата Книга, и тие над неа бдееја. Затоа, кога ќе судите, не плашете се од луѓето, туку плашете се од Мене, и не заменувајте ги зборовите Мои за нешто што малку вреди! А тие што не судат според тоа што Аллах го објавил, тие се вистински неверници!
- Во еврејската тврдина Хајбер биле фатени на дело еден оженет eвреин и мажена eврејка во прељуба. Според прописите на Тората тие требало да бидат каменувани. Но, бидејќи прељубникот и прељубничката биле од угледни и богати семејства, еврејските старешини ги испратиле кај eвреите во Медина со молба да го прашаат Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, за нивниот случај. „Ако Мухамед пресуди лицата да им ги поцрнат и да ги камшикуваат, прифатете го тоа, а ако не ви пресуди вака, тогаш не се согласувајте.“ Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, им пресудил дека казната е каменување бидејќи така е пропишано во Тората и според шеријатот.