„Аллах нема да погледне во човек кој има интимен однос со маж или со жена во анален отвор.“
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллах нема да погледне во човек кој има интимен однос со маж или со жена во анален отвор.“
«لَا يَنْظُرُ اللهُ إِلَى رَجُلٍ أَتَى رَجُلًا أَوِ امْرَأَةً فِي دُبُرٍ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, јасно ја појаснил строгата закана дека Аллах нема да погледне со поглед на милост кон човек кој има анален однос со маж или жена, и дека тоа спаѓа меѓу најголемите гревови.
Хомосексуалниот однос или содомијата меѓу двајца мажи е еден од големите гревови.
Аналниот однос со жена е еден од големите гревови.
Зборовите „Аллах нема да погледне“ значат дека нема да погледне со поглед на милост и сожалување, а не дека нешто може да Му остане скриено, бидејќи ништо не може да му се скрие на Неговиот вид.
Овие дела спаѓаат меѓу најтешките неморални постапки и најопасните за човештвото, бидејќи се спротивни на човечката чиста природа (фитра), водат до намалување на потомството, уништување на брачниот живот, поттикнување непријателство и омраза, како и впуштање во срамни и нечисти дела.
Сунен Тирмизи (2/ 457) (1165).
Сунен ел-Кубра на Несаи (8/ 197) (8952).
Повеќе... (6)
توضِيحُ الأحكَامِ مِن بُلوُغ المَرَام.
للبسام (5/ 347).
فتح ذي الجلال والإكرام بشرح بلوغ المرام.
لابن عثيمين (4/ 536).
تحفة الأحوذي بشرح جامع الترمذي.
للمباركفوري (4/ 276).