Skip to content

„Ако куче пие од нечиј сад, нека го измие седумпати.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Ако куче пие од нечиј сад, нека го измие седумпати.“ Во верзијата на Муслим се додава: „Првиот пат со земја.“

«إِذَا شَرِبَ الْكَلْبُ فِي إِنَاءِ أَحَدِكُمْ فَلْيَغْسِلْهُ سَبْعًا». ولمسلم: « أولاهُنَّ بالتُراب».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредил садот да се измие седумпати ако куче го допре со јазикот. Првиот пат треба да се мие со земја, а потоа со вода, за темелно да се отстрани неговата нечистотија и штетност.

Од придобивките на хадисот

Плунката на кучето претставува тежок вид нечистотија.

Ако куче пие од садот, тогаш и садот и водата во него стануваат нечисти.

Чистењето со земја и миењето седумпати се пропишани исклучиво за случај кога кучето пие од садот, а не за неговата урина, измет или друга нечистотија доколку ја оставило во садот.

Садот се мие со земја така што во него се става вода, потоа се додава земја и се мие со таа смеса.

Хадисот го опфаќа правилото за сите кучиња, вклучувајќи ги и оние што е дозволено да се чуваат, како ловечките кучиња, кучињата чувари и кучињата за чување на добитокот.

Сапунот и другите средства за чистење не ја заменуваат земјата, бидејќи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, јасно нагласил да се користи земја.

Референци

Сахих Ел-Бухари (1/ 45) (172).

Сахих Муслим (1/ 234) (279).

Повеќе... (4)

الإلمام بشرح عمدة الأحكام.

لإسماعيل الأنصاري (1/ 14).

تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.

للبسام (ص24).